Дали сте од оние личности кои несакано го гребат екранот на својот смартфон или каков и да е мобилен телефон, па потоа со денови се грижат како да ја поправат грешката?
Доколку го правите тоа постојано, вашиот екран сигурно е прекриен со безброј гребаници кои не знаете како да ги избришете бидејќи мислите дека не постои начин како да се направи тоа.
Но, грешите, постои трик кој ќе ги избрише сите гребаници од екранот на вашиот телефон за само 5 минути.
Еве како да го изведете тој едноставен трик:
Земете паста за заби и ставете на памук мала количина.
Доколку екранот е поголем ставете повеќе, а ако е со помали димензии доволно ќе биде да ставите паста колку едно зрно сончоглед на памукот.
Потоа истријте го вашиот екран со кружни вртења низ целата површина. Тријте нежно околу 5 минути.
На крај избришете го екранот со крпа или навлажнето шамивче и погледнете ги резултатите.
90% од гребаниците сигурно веќе нема да постојат.