Трикови со кои мажите ве тестираат

popara12 јули, 20141min00
13

Доколку мислевте дека сте само вие таа која непрекинато го скенира однесувањето на партнерот, бидете сигурна дека и тој праќа ренгенски зраци во ваш правец.

Сеќавање на поранешните

Дали онака знае да спомне, некоја од поранешните девојки и тоа токму оној “симпатичен” гаф кој го направила со неговите родители? Ако одговорот е “да”, јасно ви е дека ја тестира вашата љубомора, а воедно ви става до знаење дека семејството е важна работа.

Проверува колку сте љубезни

Мажите сакаат да видат колку сте љубезни или трпеливи. Најлесно е да се проверат вашите потенцијали во ресторанот. Затоа бидете љубезни со персоналот и доколку ви предложи тој да ја плати сметката љубезно кажете „благодарам“.

Се интересира за вашата работа

Нели е чудно кога малку по малку ве прашува како се сложувате со колегите и дали имате некаков проблем во комуникација со претпоставените. Тој сака да провери дали сте конфликтна личност или имате проблеми со авторитети.

Ви предложува нешто необично

Кога ќе ви предложи да одите на некое чудно место, на планинарење или да скокнете банџи, сака да провери колку сте отворени за авантура и нови искуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *