Ваков спој може да се случи само на драг трките на четврт милја (402 метри), а трката на Trabant 601 и Nissan GT-R ветува добра забава.
Иако од видеото не може да се види победникот, информацијата вели дека победникот е Trabant кој победил за половина секунда во однос на јапонскиот модел.
Колку за споредба овој Nissan има твин турбо мотор V6 мотор со 580 коњски сили, а Trabant за разлика од оригиналниот дво-тактен мотор со 600 кубика, е доработен и располага со 3.0 литарски турбо агрегат.
Голем адут за победата на Trabant е и неговата мала маса, со оглед на тоа дека каросеријата е направена од пластика.
httpv://www.youtube.com/watch?v=P3GjnRYJmNM