
Изминатите десет години, тој собира пари за да му помогне на 14-годишниот Стефан Савиќ, момче од Босна кое е родено со тежок деформитет на лицето наречен Тесиеров расцеп. Вејн вели дека кога го запознал Стефан, имал два сина на негова возраст и како татко, почувствувал желба да м помогне.
-Знаев дека не можам да седам со скрстени раце. Веднаш ми стана јасно дека ќе морам да направам се што можам за да му помогнам на детето, изјави Инграм. Тој напишал писмо до стотици познати британски личности, но добил само еден, негативен одговор од Дејвид Бекам.
-Босанските, српските и хрватските фудбалери со задоволство потврдија дека ќе дадат придонес. Тие ги оставија на страна сите свои разлики и се здружија за Стефан. Се одиграа хуманитарни натпревари, на кои се собра голема сума пари, изјавил Вејн за Дејли мејл. Потоа неговиот мандат завршил и се вратил во Велика Британија. Тој на неколку јавни места поставил кутии за добротворни прилози, а средствата полека почнале да пристигнуваат. Како што вели Вејн, „обичните“ Британци докажале дека имаат поголеми срца од „ѕвездите“ во земјата. Досега Стефан бил подложен на низа посериозни корективни операции, а една од нив траела неверојатно 12 часа без престан.
Иако неговото лице денес изгледа многу подобро, сепак ќе треба да се направат уште неколку корективни операции. Војникот денес е болничар, а ја засакал медицината благодарение на Стефан, неговата упорност и храброст и вели дека врската која ја постигнал со Стефан и неговото семејство, ништо на светот нема да може да ја раскине.
