Дали некогаш сте се запрашале како луѓето кои се родени слепи или го изгубиле видот ја доживуваат убавината? Во клипот кој е поставен на Јутјуб слепите луѓе дале одговори, односно опишале што за нив претставува убавината.
Слушањето на птиците како пеат, звукот на океанот, мирисот на колачите, чувството кога боси шетате по трева. Тоа се работи кои животот го прават прекрасен – одговориле слепите луѓе.
Имам три деца. За мене тие се прекрасни, иако никогаш не сум ги видела. Знам дека се убави внатрешно – е одговорот на една слепа мајка која трогна многумина.
httpv://www.youtube.com/watch?v=hlcx_q8u_YI