Трогателно: Погледнете ја средбата на војникот и неговото куче после 4 години

popara9 јуни, 20141min00
Трогателно: Погледнете ја средбата на војникот и неговото куче после 4 години

Во април 2010 година војникот Џеф и неговото куче Сена морале да се разделат поради неговите работни обврски. Кучето останало во Авганистан, а неговиот пријател заминал дома. После 4 години, не се заборавиле и сега повторно се заедно…
Кучето и човекот две години се бореле заедно, а потоа морале да се разделат без поздрав.
Сена се вратил дома откако од 2009 година бил во војска како службено куче под договор, а токму таа година и Џеф бил на задача во Авганистан.
Џеф и Сена биле избрани на заедничка задача, да ги заштитуваат маринците од опасните експозивни уреди.
Поради емоциите присутни на вакви задачи, помеѓу нив се создала нераскинлива врска.
После 6 години воена служба Сена бил пензиониран, што значело дека може да биде даден на усвојување или успиен ако не се најде некој кој на свој трошок би платил превоз од Авганистан до САД.
Сена имал среќа. Војникот Џеф дал се од себе и успеал да го донесе својот пријател Сена во својот дом. Погледнете ја трогателната средба:

httpv://www.youtube.com/watch?v=WTiVuTpNCl4