Состојки
- 500 г брашно
- 800 г вода
- 40 мл маслиново масло (или маст)
- 1 јајце
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
Подготовка
Во пластичен сад, со помош на миксер, измешајте ги сите состојки. Добиеното тесто, слично како за палачинки, оставете го барем половина час да одмори.
Тавата во која ќе го печете тури-потпечи, намачкајте ја малку со масло и ставете ја во рерна, на 240 степени, добро да се загрее.
Со лажица за супа, истураме смеса колку да се направи тенок слој како за палачинка. Печеме се додека не добиеме крцкава кора.
Ја вадиме тавата и повторно истураме тенок слој смеса. Печеме повторно се додека не добиеме убава и крцкава кора.
Продолжуваме да истураме и да печеме, но сега само со вклучен горниот грејач на рерната и со малку отворена рерна. По желба, наросуваме со сирење.
На крај, го сечеме тури-потпечи, го мачкаме со слој маслиново масло и го печеме уште неколку минути или се додека не добие златно-кафена боја.
Оставете го малку да се олади и послужете го со чаша јогурт, кисело млеко, сирење, ајвар…. Имајте добар апетит!