Тури-потпечи

2 ноември, 20140
26

Состојки

  • 500 г брашно
  • 800 г вода
  • 40 мл маслиново масло (или маст)
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер

Подготовка

  1. Готова смеса Во пластичен сад, со помош на миксер, измешајте ги сите состојки. Добиеното тесто, слично како за палачинки, оставете го барем половина час да одмори.
  2. Намачкано тавче со масло за готвење Тавата во која ќе го печете тури-потпечи, намачкајте ја малку со масло и ставете ја во рерна, на 240 степени, добро да се загрее.
  3. Прв слој Со лажица за супа, истураме смеса колку да се направи тенок слој како за палачинка. Печеме се додека не добиеме крцкава кора.
  4. Втора кора Ја вадиме тавата и повторно истураме тенок слој смеса. Печеме повторно се додека не добиеме убава и крцкава кора.
  5. Додавање на сирење врз кората Продолжуваме да истураме и да печеме, но сега само со вклучен горниот грејач на рерната и со малку отворена рерна. По желба, наросуваме со сирење.
  6. Мачкање со маслиново масло На крај, го сечеме тури-потпечи, го мачкаме со слој маслиново масло и го печеме уште неколку минути или се додека не добие златно-кафена боја.
  7. Испечено тури-потпечи Оставете го малку да се олади и послужете го со чаша јогурт, кисело млеко, сирење, ајвар…. Имајте добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi