Како што пренесуваат медиумите приведен е Адам Фарар братот на Леонардо Ди Каприо.
Со него е приведена и неговата девојка Черити Мур затоа што кај нив била пронајдена дрога, а се претпоставува дека таа била и соучесник во грабежот во кој е вмешан и нејзиниот дечко.
Адам Фарар полубратот на Леонардо. Првично беше уапсен поради сомнеж дека го киднапирал сопственото дете. Тој и Леонардо беа многу блиски, а денеска немаат никаков контакт. Токму Адам беше тој кој му беше инспирација Леонардо да стане глумец.