Удобни и ултра женствени парчиња направени од природни материјали,
се она што ја означува новата колекција на шпанскиот бренд women’secret.
Моделите се надополнети со неочекувани бои и детали кои му противречат на минимализмот,
и го збогатуваат изгледот на колекцијата.
Сензуалноста се разбира е неизбежна и е пренесена преку бројните модели од црна тантела,
кои се атратктивни, софистицирани и секси.
Од друга страна, и секојдневните парчиња кои асоцираат на топлина,
комоција и лежерност се значаен дел од колекцијата.
Особено интересни се и пижамите инспирирани од класична,
машка кошула кои се повеќе од женствени и привлечни.