Контроверзната млада пејачка Мајли Сајрус се труди со секое свое појавување да привлече што поголемо внимание врз себе и несомнено успева во нејзината цел!
Би помислиле дека Мајли Сајрус се упатила на некој вид на забава со костуми, со оглед на тоа што ова не е како таа вообичаено… Всушност, токму овој е начинот на кој што таа „нормално“ се појавува во јавноста.
Имено, контроверзната пејачка и нејзиното ново момче (Патрик, синот на Арнолд Шварценегер) се упатиле на некој настан во Мајами, каде што Мајли чувствувала дека нема никаква потреба да облече горен дел, па дури ни градник – имала само сребрени конуси за да ги покрие брадавиците (да не е буквално топлес).
Па, во секој случај, мораме да ѝ аплаудрираме за тоа што уште еднаш успеа да ги помести границите во намерата како што поексцентрично да се појави во јавноста. Можеби таа не е вашата омилена личност која би сакале да ја гледате топлес низ град, но со сигурност поставува нови стандарди за останатите ѕвезди во нејзината индустрија, кои сакаат на сличен начин да го привлечат вниманието.