Необично, магично и остава без здив: Pamukkale

5 декември, 20140
13
Необично, магично и остава без здив! Pamukkale, што во превод би значело “Памучна палата”, е уште едно од неверојатните геолошки чуда на природата.

Имено, Pamukkale, единствена во светот, претставува низа на термални базени преполни со калциум, какви што не може да се најдат на ниту едно друго место. Водата од базените се прелева преку рабовите и каскадирајќи надолу создава единствена туристичка атракција која едноставно остава без здив.


Белите тераси се создале како последица од земјотрес, честа појава во овој регион, што и овозможило на топлата вода преполна со калциум да изби на површината.

Ова геолошко чудо исто така е локалитет од древниот град Хиераполис и со текот на вековите луѓето мислеле дека древниот град и памучната палата се споиле во едно. Всушност, дел од старите гробниците се направени во склоп со овој необичен пејзаж.


Но, пред да биде прогласено за дел од светското културно наследство, ова место имало свои подеми и падови. Луѓето ја посетувале туристичката атракција со автомобили, а голем број на хотели “никнале” преку ноќ врз остатоците на Хиераполис.

Сепак, денес автомобилите се забранети, а хотелите се веќе одамна срушени и на тој начин е овозможено оваа неверојатна локација “да заздрави”. На луѓето сега им е дозволено да се бањаат во базените, но единствен услов е тие да се боси.


Како и сите необични локации, така и оваа има своја локална легенда. Така, според старите прераскажувања, некоја локална девојка била толку грда што никој не сакал да се ожени со неа, поради што одлучила да изврши самоубиство.

Несреќната девојка се фрлила во еден од природните базени и во тој момент се претворила во прекрасна девојка каква што дотогаш ретко кој видел. Во тој момент покрај базените поминал племенит човек кој веднаш се вљубил во неа и тие живееле среќно до крајот на животот.


Едноставно, станува збор за вистински природен феномен – водата со минерали елегантно се спушта од изворите и создава базени и тераси кои, дури и скромно е да се каже, дека се спектакуларни!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *