Од сите жени кои лудуваат по него, тој ја избра неа

5 декември, 20140
14
Дали знаете која е новата девојка на Роберт Патисон? Таа дефинитивно го освои неговото срце. А за неа, да се каже дека е ексцентрична е дефинитивно малку.

Тешко е да се пронајде еден збор со кој ќе може во потполност да се опише девојката која се вика Tahliah Debrett Barnett, која се крие под псевдонимот FKA twigs (“Formerly Known As twigs” или “Некогаш позната како гранчиња”).

За нејзиниот изглед може да се каже дека е мистичен, понекогаш и по малку несфатлив и експериментален. А нејзината музика спаѓа во категоријата – громот никогаш не удира два пати на исто место!


Токму поради тоа веќе и ја споредуваат со легендите на кои таа по малку потсетува како што е Принц или Бјорк. А токму тоа е поради нејзините “замаглени” пораки, хипнотизирачките спотови, но и интригантните слики за себе кои таа и’ ги испраќа на јавноста.

Лесно е да се побараат скриените значења во нејзината музика, бидејќи има прилично многу нешта кои можат да се сфатат двосмислено. На пример, во песната “Kicks”, може да се сфати дека таа говори за зајакнувањето на сопствената личност, но и за маструбација! Па, вие изберете што повеќе ви се допаѓа…

 

Видео записот за “Water me” пак е посебна приказна… Кога ќе го видите нејзиното дигитално издолжено лице и очите како од некоја детска кукла, ќе ви стане сосема јасно на што мислиме.

А добар пример се и нејзините настапи во живо. Чиста музика, зарем не?

 

https://www.youtube.com/watch?v=v-nFzc6gBU8

И да се вратиме на почетокот на приказната и Роберт Патисон. Неодамна во едно интервју таа изјави дека ја вознемируваат фотографите кои константно ги следат, но дека и покрај фактот што не ги сака, ќе го издржи сето тоа поради Роберт. Односно, човекот коj таа го сака!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *