Класика како ванила и чоколадо? Лимонот кој не е по вкус за секого? Сигурно имате свој омилен вкус на сладолед кој можете да го консумирате во секое време од денот и годината, а токму таа сензуална намирница открива какви сте во сексот и што да очекувате од партнерот.
ВАНИЛА
Сладоледот од ванила е класика во светот на сладоледите и веќе со децении е еден од најпопуларните. А што тој открива за вашите сексуални желби?
Ако го обожувате овој познат вкус тогаш сте личност која стои цврсто на земјата. Како што сакате класичен сладолед, исто така најчесто преферирате класичен секс. Не сте љубител на големи експерименти во креветот. А предлогот за секс на отворено или на необични места речиси секогаш ќе го одбиете. Но, тоа не значи дека сте досадни во креветот. Љубителите на ванила се нежни и секогаш во потрага по нова љубов.
ЧОКОЛАДО
Чоколадото е подеднакво популарно како ванилата. Но, за разлика од белата ретро класика постојат бројни видови на чоколаден сладолед. Класични, горчеливи, со додатоци од чоколадни мрвици, карамела…
Љубителите на чоколаден сладолед се страсни луѓе кои сакаат да уживаат – како во храната и добрите вкусови, така и во љубовта и сексот. Тие имаат седмо сетило кога се во прашање потребите на другите. Тие се посветени и издржливи љубовници.
ОРЕВИ, Ф’СТАЦИ, ЛЕШНИЦИ, БАДЕМИ
Овие сладоледи тешко е да се комбинираат со други видови, која е причината зошто љубителите на јаткастите плодови ги сакаат само овие сладоледи.
Во љубовта се верни души. Сексот со различни партнери едноставно не е за нив. Станува збор за романтичари, секогаш фиксирани на актуелниот партнер и за неверство никогаш не доаѓа во предвид. Се верува дека имаат силна семејна линија.
СТРАЧАТЕЛА
Страчателата е итра – таа не е ниту ванила, ниту чоколадо. Веројатно тоа е причина за нејзината популарност, бидејќи не мора да се одлучиме за само еден вид на сладолед – добиваме две во едно.
И се разбира, колку поголеми парчиња чоколадо толку подобар сладолед. Љубителите на страчатела се многу неодлучни. Потребна им е разновидност во креветот. Обожуваат различни секс пози и не можат да издвојат една која им е омилена.
Тие сакаат варијации на различни сексуални теми. Кога е љубов во прашање остануваат лојални, ако добиваат доволно слободно време за себе.
ЛИМОН
Не постои сладолед кој повеќе освежува во лето од сладоледот од лимон. Исклучително киселиот вкус на овој десерт е вистински предизвик на вашите непца.
Љубителите на лимон често сонуваат и тоа го прават кога сексот во прашање. Тие имаат широки хоризонти, но тие често не можат да се остварат. Тие сакаат егзотично. А кога е во прашање изборот на партнер често не можат да се одлучат. Сепак, кога ќе ја сретнат вистинската љубов се предаваат.
КАФЕ, КАРАМЕЛ, ПУНЧ
Оние кои ги сакаат овие вкусови секогаш им се лојални. Кафе, карамел и пунч за нив се вкусови без конкуренција. Љубителите на кафе се прагматични, а такви се и во љубовта. Не сакаат експериментирање, а можат и да се налутат ако партнерот предложи нешто ново необично. Тие бараат љубов повеќе на интелектуално ниво отколку на еротско.