Веќе имам момче, но кога ќе раскинеме, ти ќе ми бидеш првиот избор!

popara24 февруари, 20141min00
48
Момче од САД напишало љубовно писмо за едно девојче од неговото одделение, во кое ја прашува дали сака да биде негова девојка, а писмото е толку слатко што се појавило и на интернет!

Љубовното писмо кое го си го размениле првачињата во САД станало вистинска интернет сензација, а одговорот на малата Ешли ги освои срцата на многумина.

Симпатичното писмо започнува вака: “Драга Ешли, дали сакаш да ми бидеш девојка? Премногу ми се допаѓаш.”

Заљубеното момче храбро и понудило три опции: Да, не и можеби, со молба да избере една од трите.

Сепак следел шок за 7-годишниот автор на писмото, Ешли без размислување заокружила – “Не”. Меѓутоа, писмото не завршува тука. Ешли допишала дека кога ќе раскине со момчето Кајл, тој ќе биде нејзиниот прв избор.

“П.С. Тоа веројатно ќе биде за месец, два” – го охрабрила своето идно момче на крајот од писмото.

Писмото на основците станало вистински интернет хит, а досега има повеќе од 1 милион прегледи.

Од коментарите вреди да се издвои следниот: “Жена која знае што сака? Одлично изведено. Се надевам дека ќе ги задржи добрите навики и кога ќе остаре”.