Верно пријателче: Го чекал болниот сопственик 8 дена пред болница!

popara14 април, 20141min00
Верно пријателче: Го чекал болниот сопственик 8 дена пред болница!

Еден бездомник од Бразил бил нападнат со камен по глава, па поради тешката повреда бил сместен во болница и каде требало да остане 8 дена. Пред болничките врати, цели 8 дена го чекало неговото верно пријателче – кучето Секо.

Секо стрпливо чекал неговиот сопственик да излезе, но часовите станале денови, а деновите повеќе од седмица. Персоналот на болницата после неколку дена го забележале верното куче, се сожалиле и почнале да го хранат и да му даваат водичка да се напие.

После 8 дена бездомникот е пуштен на кратко да излезе и да го види својот верен миленик кој го поздравил со весело мафтање на опавчето, пресреќен што повторно го гледа својот газда.

Според бразилските медиуми, Да Коста сеуште се наоѓа на болничко лечење, а неговиот верен пријател сеуште се наоѓа пред вратата на болницата, очекувајќи ја нивната повторна средба. Секако добрите луѓе продолжуваат да се грижат за него…

Вакво пријателство само од куче можеш да очекуваш, од човек малку потешко:)

httpv://www.youtube.com/watch?v=fm_B3o8ndBs

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag