Верувале или не: Ова е основното правило на привлечноста!

30 јуни, 20140
10

Девојките особено кога се слободни често размислуваат како да се допаднат на момците и конечно да го најдат оној вистинскиот. Правилото е изгледа само едно…
Немојте да одите во лов!
Тоа е основното правило на привлечноста! Излегувајте со цел да се забавувате, а не за да го запознаете идниот сопруг. Девојките воглавно се фокусираат на пронаоѓање на господинот Вистински, а всушност би требало да се препуштат на забавата и да уживаат во малите работи – добра музика, друштво и пијалок.
Често не се ни свесни дека мажите тоа го чувствуваат и го доживуваат како притисок. Од друга страна не постои ништо попривлечно од жена која остава впечаток дека е задоволна со себе и со она што околу неа се случува.
Затоа нарачајте пијалок и уживајте! Тоа е всушност најдобрата мамка за мажи, вклучувајќи го и господинот Вистински.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *