Сигурно веќе сте слушнале дека изложеност на вештаќко осветлување во текот на ноќта може да го поремети нашиот внатрешен часовник, поради тоа што се уништува квалитетот на сонот, па дури и спречува губење на вишокот килограми.
Истражувачите неодамна утврдија дека оваа лоша навика влијае на плодноста, па дури и на развојот на плодот доколку сте бремени.
Главната улога во сè ја игра хормонот мелатонин, кој се лачи како одговор на темнината. Мелатонинот уште се нарекува и “хормон на сонот”, затоа што помага да се наспиеме.
Меѓутоа, овој хормон, исто така се произведува и во репродуктивните органи и има заштитен ефект на јајце клетките, кои ги штити од слободните радикали, особено за време на овулација, кога овие клетки се најранливи. Недостатокот од мелатонин во текот на бременоста може да влијае на плодот, предизвикувајќи можни проблеми со развојот на бебешкиот биолошки часовник и општата здравствена состојба.
Што повеќе сте изложени на вештачко осветлување во текот на ноќта, кога вашиот организам се обидува да ги намали функциите, доколку не заспиете, доаѓа до драстично намалување на производството на мелатонин, што ги намалува шансите да забремените, а доколку сте бремени, лошо влијае на плодот.