
Мистериозниот облак е забележан со помош на метеролошки радар во Ново Мексико покрај Американската воена база за лансирање на ракети.
Се претпоставува дека облакот со форма на печурка се појавил изненадно и настанал после експлозија при неправилно тестирање на оружје. Американската хидрометеоролошка агенција потврдила дека станува збор за облак за кој не знаат од каде доаѓа.
Облакот за прв пат се појавил утрото на 17. 03 над комплексот “Вајт Сендс Рејнџер“ во близина на местото каде била тестирана првата атомска бомба Тринити во 1945 година.
Сепак докази за нуклеарна експлозија нема, а САД официјално не тестирале атомско оружје од 1992 година кога го потпишале договорот за забрана на нуклеарни проби усвоен од ОН.
httpv://www.youtube.com/watch?v=P31VRYfzhvk