
Сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам, Викторија, признала дека во 1999 година имала операција на градите, кога ставила силиконски импланти.
Меѓутоа бившата спајсица отишла на корективна операција во 2005 година со цел да ги замени старите импланти со нови. За оваа операција пишувал Ендрју Мортон во биографијата за Викторија, а таа оваа информација ја потврдила.
Викторија во 2011 година за Вог изјавила дека засега е 100% природна, без никакви операции.
