
Компанијата Мајкрософт планира да воведе нова верзија на оперативен систем, за да може да ги избегне критиките на кои е изложен сегашниот оперативен систем. Овие денови се појавиле информации дека е во план Виндоус 9, кој ќе биде иновативен најверојатно да се појави во април 2015. Повеќе информации врзани за новиот оперативен систем ќе бидат објавени на конференцијата на Мајкрософт која е закажана во април оваа година. Програмерите се во завршна фаза на планирање на Виндоус 9, а ќе почнат да работат на него после големата конференција во април оваа година.