Висока е 2 метри, тешка 90 килограми, но мажите трчаат да и платат за нејзините услуги

popara21 октомври, 20141min00
2

Ана Лусија Барбоса (30) од Бразил, заработува вистинско богатство така што се бори, дави, и доминира над нејзините сакани клиенти. Оваа домино дама со нејзиното уметничко име Синтија Амазон, има 90 килограми и својата градба ја користи за да ги задоволи желбите на нејзините клиенти.

Високата и крупна Бразилка побегнала од сиромашниот живот токму на овој начин, занимавајќи се со вакви активности. Имено, таа работи како домино дама, и со ова заработува илјадници долари.

73350_profimedia0208236654_630x0

Оваа голема убавица има два метри без високи потпетици, а нејзината физичка карактеристика привлекува голем број на мажи кои имаат најразлични фетиши. Таа заработува и до 300 долари на час за да ги дави и да се бори со мажите кои ова ги возбудува.

„Не ми пречат клиентите кои се подготвени да платат за да седнам на нив, да ги гмечам, да се борам и да им наредувам. Оваа работа ми го промени животот и сега можам да му пружам буквално се на моето семејство“, вели таа.

73349_profimedia0208236569_630x0

Растејќи во Бразил, Синтија Амазон имала навистина сиромашно детство. Оваа работа и овозможила да има се што ќе посака, но и да го пропатува светот.

Но, таа не го прифаќала отсекогаш ваквото тело.

„Бев депресивна и никогаш не си се допаѓав. Тренирав кошарка, но си го повредив коленото и после тоа не знаев што да правам со себе“, објаснила таа.

Но, еден случаен состанок со странец во кафуле и го сменил животот. Од тогаш почнала да работи како домино-дама за жени и мажи кои сакаат крупни девојки, а понекогаш успева да заработи и 10.000 долари на ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma