Вистината за смртта на Александар Македонски!?!

popara12 јануари, 20141min00
makedonija-spomenik-skoplje-aleksandar-makedonski-1328585176-90207

Големиот војсководец, Александар Македонски, кој успеал да ја покори областа од Македонија до северот на Индија, починал во 33 година од животот (323 година пне) по 12-дневна агонија за која многу историчари веруваат дека била предизвикана од грозница.

koja-e-vistinskata-prichina-za-smrtta-na-aleksandar-makedonski-166763

 

Но истражувачите од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд, сметаат дека вистинската причина за смртта на војсководецот е виното што го пиел во текот на свеченоста во Вавилон. Според нив, тоа било „зачинето” со билка која во текот на ферментацијата станала смртоносна.

Ова го заклучил Др. Лео Шеп, токсиколог од Националниот центар за отрови во Нов Зеланд, според кој причината за смртта е во растението кукурек, пишува Daily mail.

Тој смета дека теориите за труењето со арсеник или стрихнин не се веродостојни, бидејќи смртта би настапила многу побргу. Во студијата што ја изработил заедно со експертот за античка историја Др. Пет Витли, тој ја наведува билката veratrum album која е позната како бел кукурек.

Виното може да го претвори овој цвет во отров, кој им бил добро познат на античките Грци, бидејќи предизвикувал повраќање. Др. Шеп смета дека тоа е причината за симптомите на Александар, која последните денови ги поминал во силни маки, и не можел ниту да оди, ниту да зборува.

Новозеландскиот истражувач тврди дека виното морало да биде многу горко, но претпоставува дека му бил додаден шеќер и дека војсководецот веројатно бил поднапиен за да може да осети.

Кукурекот се вбројува во групата на отровни билки, се користи исклучиво за естетски цели и се смета за еден од цветовите што ја најавуваат пролетта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma