
Марк Лукач е маж кој што знае што е тоа безусловна љубов. Неговата сопруга неодамна посакала да си го одземе животот и размислувала за тоа како да се фрли од мост бидејќи боледува од биполарно нарушување.
Во рамките на “TED” конференцијата Марк одржал предавање за тоа како изгледа животот со личност која страда од ова нарушување и одговорил на прашањето кое што често му го поставувале огромен број на луѓе:
На прашањето “Зошто останал со својата жена?”. Марк одговорил:
“Како прво, многу ја сакам својата жена. Втората причина е преданоста на самата идеја за преданост”, изјави Марк, објаснувајќи дека токму љубовта и преданоста му помогнале на неговото семејство во најтешките моменти.
“Споделувајќи ја нашата приказна сакам да им помогнам на останатите да не помислат дека се сами, да знаат дека не се единствените луѓе кои што поминуваат низ ова. Иако тука нема сигурни исходи, постои причина за надеж”, изјави Марк во интервјуто за “Huffington Post”.
“Љубовта не ги решава сите животни проблеми, но истите на некој начин ги олеснува. Љубовта многу зема од вас, но исто толку многу и ќе ви врати. Кога ви е тешко се соочувате со искушението да се посветите на личното сожалување. Зошто баш јас? Зошто баш сега? Сфатив дека ваквото чувство ја исцрпува енергијата и сочувството за останатите луѓе. Сочувството е она кое што ве насочува кон поздрава насока. Затоа сакам луѓето да ги потсетам да се сакаат меѓусебно. Љубовта може да се најде насекаде, не само во букетот со ружи, туку и на психијатрискиот оддел и во разговорот за самоубиството”, заклучува Марк.
httpv://www.youtube.com/watch?v=eDVNdPoF9W8