
Што би се случило со кучето кое на мало парче мраз пловело по морето, ако во близина не поминел брод со рибари и еден храбар човек кој решил да го ризикува сопствениот живот со цел да го спаси неговиот, не можеме ни да замислиме.
Нозете на кучето биле длабоко закопани во мразот, но овој храбар човек успеал да го спаси. Се претпоставува дека кучето е жртва на болни хулигани кои го фрлиле во морето и го оставиле да умре. За среќа кучето допливало до парче мраз, но понатаму немало каде да оди.
На крај, за среќа се завршило како што треба – кучето е на сигурно, а ние знаеме дека помеѓу нас сепак има луѓе со големи срца!
httpv://www.youtube.com/watch?v=B-53RTrsFzA