Влегуваме во еколошки минус: Нашата планета од денес живее на кредит!

popara20 август, 20141min00
10

Од денес, човештвото живее на кредит, бидејќи влеговме во еколошки минус. Жителите на планетата ги потрошиле сите природни ресурси кои Земјата може да ги обнови во рок од година дена.
Оваа година во црвена зона сме влегле еден ден порано во споредба со 2013 и дури месец и пол порано во споредба со 2000 година, предупредуваат од Светскиот фонд за заштита на природата.
Earth Overshoot Day е датумот во годината кога човештвото ќе ги потроши сите природни ресурси во споредба со оние кои Земјата може да ги обнови во истиот тој период. Овој фатален датум паѓа секоја година се порано, а прагот за прв пат е поминат во 1987 година.
Според фондот, би била потребна една и пол планета за да се произведат неопходните обновливи ресурси за да се задоволат потребите на човештвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *