Внесувајте колку што е можно помалку шеќер!

popara20 септември, 20141min00
3

Шеќерот треба да изнесува помалку од пет проценти од она што луѓето го јадат секој ден, ако сакаат да го избегнат ризикот по здравјето како прекумерна тежина и расипување на забите, соопшти Светската здравствена организација.

Агенцијата на ОН објави нацрт за препораките за консумирање шеќер, а во соопштението посочува на доказите за поврзаноста меѓу внесувањето на шеќерот, зголемената телесна тежина и појавата на кариес.

Според соопштението производителите на храна и потрошувачите во јадењата додаваат „слободни шеќери“ како што се моносахариди и дисахариди, а шеќери има и во медот, сирупите, овошните сокови и овошните концентрати.

„Светската Здравствена организација препорачува да се намали внесувањето на слободни шеќери во текот на целиот живот“ – се вели во соопштението.

Агенцијата наведува дека препораката за внесување до пет проценти шеќер е условна и дека силно препорачуваат уделот на шеќерот во дневната исхрана да не биде поголем од 10 проценти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag