Раскошните женски облини можеби и се враќаат во мода на мала врата, но секако нема да ги видиме и на модните писти. Меѓутоа, пред 60 години ваквите жени беа дел и од модните писти и насловните страници на магазинот Time.
Овие денови на друштвените мрежи беше споделена фотографија од 1955-тата година, на која е фотографирана раскошна убавица во бикини.
Фотографијата била објавена во магазинот Time пред речиси 60 години, а на неа се наоѓа жена која според тогашните критериуми има совршено тело.
Денес за оваа убавица голем број на луѓе сепак би рекле дека има вишок на килограми, што говори за тоа колку всушност се променети стандардите според кои се проценува женската убавина.
Оваа дама денес сигурно никој не би ја вработил како манекенка, а веројатно не би успеала ниту да предизвика некои големи воздишки на улица.