Новиот проект за станбена кула во Мајами, на самиот брег на морето, веќе привлече десетина милијардери од целиот свет, а цената на најголемите апартмани е повисока од 30 милиони долари.
Солитерот Porsche Design Tower, со 132 стана и 284 паркинг места, ќе се наоѓа во престижниот кварт во Мајами, Sunny Isles Beach.
Иако оваа кула со висина од 198 метри нема да им конкурира на џиновските згради во Дубаи и Катар во однос на димензиите, нејзините апартмани ќе бидат исклучително пространи, со површина од околу 400 до 1.600 квадратни метри.
Помеѓу останатите атракции се и базени на терасата од секој апартман и две до три паркинг места по апартман.
Продажбата на становите почнала во април 2013, а до крајот на октомври се продадени повеќе од 100 апартмани, по цена од 4,2 до 32 милиони долари.