За изградбата на оваа црква се потрошени неверојатни 145 милиони долари

30 септември, 20140
13
Во сојузната држава Мисури се издигнува нов центар на скиентолошката црква, а за неговата изградба се потрошени неверојатни 145 милион долари.

“Доколку човекот навистина сака да се обогати, најдобар начин за тоа е да основа сопствена религија”, изјавил своевремено американскиот писател, хуманитарец и основач на скиентологијата, Рон Хубард. Тој најпрво станал познат како автор на романите од научната фантастика и фантазија, а подоцна се стекнал со уште поголема популарност како основа на скиентолошката црква.

Еден од најзначајните денови во оваа верска филозофија всушност е роденденот на Хубард. Откако кон скиентологијата се придружиле и Том Крус и Џон Траволта, истата станала се попопуларна.

Станува збор за верување кое се заснова врз теоријата дека галактичкиот владетел Ксен пред 65 милиони години живеел во вселена слична на нашата, но неговото огромно царство станало премногу населено. За да го реши овој проблем, тој ги дрогирал луѓето и ги ставил во вселенски бродови, а потоа ги испратил на Земјата.


Скиентолозите веруваат дека човекот е бесмртно духовно суштество, дека искуствата траат повеќе од еден животен век, дека неговите способности се неограничени и дека во основа, човекот е добар и тежи кон опстанок.

Иако станува збор само за делови од суштината на скиентологијата, истата за многумина сигурно звучи попривлечно од приказната за Адам и Ева, а за тоа доволен доказ е и седиштето на црквата во сојузната американска држава Мисури. Нејзината изградба траела цели 15 години и истата чинела неверојатни 145 милион долари. Парите потребни за изградба биле собрани преку пат на донации од верниците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi