
Отоманското царство било едно од најголемите кои светот некогаш ги познавал, а ние сме ја имале таа несреќа – или среќа, зависи од кој агол гледате – да бидеме негов дел долги години. За оваа голема империја многу се зборувало и многу се знае.
Но постои една интересна црта за овој султанат за која се знае само малку, со која се запознаени само малкумина академци, а која за нашата јавност е речиси непозната.
Хомосексуалноста била широко распространета, особено во Стамбол – секс помеѓу постар маж и голобрадо младо момче.
Средиште за ваквите активности биле хамамите, односно познатите турски купатила каде работеле млади момчиња кои им помагале на возрасните за бањање.
Постојат белешки од тоа време во кои се зборува за убавината на тие момчиња, опишани се нивните “вештини“ за задоволување на муштериите, цената на нивните услуги, за тоа колку пати можат да го доведат клиентот до оргазам и др.
Хомосексуалноста не била забранета со закон, во суштина, па дури и султаните се впуштале во вакви афери. Кариерата на овие момчиња завршувала кога ќе почнела да им расте брада.



Често пати овие момчиња се облекувале како жени и користеле шминка и накит. Особено важно било и добро да танцуваат.