
Украинската паравоена фашистилка партија “Десен сектор” убиле 30 воени регрути кои го положиле оружјето за да ги одбранат цивилите!
Уште 11 војници се убиени и 32 се ранети во одделни судири, а имало и жртви помеѓу членовите на народната полиција во Луганск, пренесува Itar-Tass.
Остап Черни, потпарол на народната полиција на самопрогласената Луганска Народна Република (LNR) навел дека инцидентот со воените регрути се случил вчера, за време на разговорот на народната полиција LNR и владините сили во градот Привоље. “Слушнавме дека во Лисичанск војската се обидува да го освои градот. Испративме група за преговори. Колона од Украинската национална гарда била блокирана од цивилите, вклучувајќи и жени и деца. Додела траеа преговорите, се слушнаа пукања и седум членови на народната полиција на Луганск беа убиени, а 16 ранети”, објаснил Черни.
Тој нагласил дека 30 припадници од украинската бригада го положиле оружјето за да ги одбранат цивилите и според најновите расположливи информации, фашистите од “Десниот сектор” сите ги убиле, наведува Itar Tass.
“Мажите биле на отворено и никој не се криел кога биле испалени смртоносните куршуми, а потоа следувало пукање кое траело околу пола час и се слушнале и минофрлачки гранати. Куќите биле во пламен”, опишал Черни.

