Вознемирувачки резултати од употребата на стероиди

popara28 септември, 20142min00
24

Најверојатно сте слушнале дека стероидите се нешто лошо. Ако не сте верувале сепак, по читањето на овие приказни ќе се премислите.

1. Жената бодибилдер, која личи на маж

Некогаш убава русокоса, 28-годишната Кендис Армстронг сега е огромна бринета со мускули и влакна кои се протегаат по грбот, градите и лицето. Освен вишокот влакна и акни, исто така клиторисот и отекол толку многу што веќе личи на мал пенис. Нејзините гради се исто така повредени и сега висат безживотно.

a98841_Candice-AMSTRONG-02

2. Борачот, кој си го убил семејството под влијание на стероидите

Се во животот на борачот Кристофер Беноа е супер, барем до 22 јуни 2007г, кога тој ги убива жена си Нанси и 7-годишниот син Даниел, последнователно и се самоубива два дена подоцна.

Извештајот од токсиколошката анализа открива дека во моментот на нивната смрт, Нанси имала три различни лекови во своето тело, но не во токсични количини. Во крвта на Даниел е откриен Занакс, што го натерало судскиот лекар да смета дека бил под седативи пред да биде задушен. Во Беноа се откриени траги од Занакс, хидокородин и абнормални нивоа на тестостерон, предизвикани од синтетички облик на хормонот. Беноа најверојатно ги земал за да лекува дефицит, како последица на злоупотреба на стероидите.

По сомнежи дека активностите на Беноа биле плод на оштетување на мозокот, се направени дополнителни тестови. Шокантно откритие од тестовите е дека мозокот на Беноа личи на таков на 85-годишен маж, кој страда од Алцхајмерова болест.

a98841_Chris-Benoit

3. Бразилецот, чијашто рака експлодирала

Маж од Бразил со обиколка на бицепс 90см, пристигнал во болница со кинење на мускулите по несреќа со мотор и починал на 25 јануари 2010.

a98841_Caolho

4. Американскиот бодобилдер со женски гради

49-годишниот Рони Колман бил осум пати Мистер Олимпија. Покрај тоа го држи рекордот за најмногу победи како професионалец од IFBB.

Секако, телото како карпа си има своја цена. Поради прекумерна употреба на тестостерон кај подготовките за натпреварите, Колман страдал од гинекомастија.

a98841_Coleman

5. Германскиот бодибилдер со голем стомак

Маркус Рол е професионален бодибилдер. Почнал да тренира на 18 години по препорака на лекар, откако бил повреден за време на фудбалски натпревар. Сега 54-годишниот маж почнал да тренира шест дена во неделата, додека не одлучил да се натпреварува професионално 5 години подоцна.

Бодибилдерот земал многу различни додатоци, вклучувајќи инсулин и хормон за раст, од што добил т.н. “голем стомак”.

a98841_Markus

6. Австриецот, кој умрел по редовен внес на стероиди

Андреас Монцер бил австриски бодибилдер, познат со екстремно мал процент телесни масти. Во својата професионална кариера, тој користел многу различни стимуланси, вклучувајќи стероиди, диуретици, хормон за раст и инсулин.

По последното натпреварување сепак, тој добил болки во стомакот и бил примен во болница. Лекарите решиле да го оперираат, за да го запрат крварењето во неговиот стомак, но набргу потоа откажале бубрезите и црниот дроб. На крајот Монцер починал на 14 март 1996 на 31 година.

a98841_Andreas-02

7. Бодибилдерот со апсцес во раката

Грег Валентино стекна светска слава и се претвора во интернет сензација како човекот со најголеми бицепси во светот. Ненормално големите мускулите сепак го прават и најомразениот маж во бодибилдингот.

Откако бил удрен со скршена лопатка за време на безбол натпревар, рацете на Валентино се инфицирале. Наместо да отиде во болница како и секој нормален човек сепак, тој решил сам да се оперира, додека се снима. Откако ја сече раката повеќе пати, за да стави окрај на крвта и гнојот, Валентино сепак морало да биде примен во болница.

a98841_Greg-Valentino2

8. Писателот, кој експериментирал со стероиди за да го напише следниот роман

За 16 седмици, канадскиот писател Крег Дејвидсон се трансформира во беспомошно мажиште благодарение на инјекции со нелегални стероиди. За несреќа, страничните ефекти од тоа почнале да се појавуваат.

По три дена, брадавиците му станале со димензиите на капаче од шише за млеко, а нивната кожа мазна како површината на балон. Едно утро дури забележал дека му паѓа косата – по целото тело. Неколку дена подоцна, тестисите му се намалиле до половина од нормалната големина. Дури простата му отекла. Но, се’ вредело, бидејќи станал навистина јак.

Откако престанал со стероидите, сè се вратило во нормала, само што од неговите гради виселе две топки кожа, а стомакот му изгледал како издишан балон. Нозете му биле слаби како чепкалки за заби.

a98841_Craig-Davidson

9. Џиновски глодари, преполни со стероиди за да личат на кучиња

Ла Салада, најголемиот пазар е мозаик на мали претприемачи и продавачи, кои продаваат порови како кучиња за $ 150.

Обично, цената на малите пудлици достигнува до 1000 $ во САД, а еден пор може да се најде за $ 75. Сеуште не се преземени законски мерки за запирање на чудната трговија. Не само што така ги мамат туристите, замислете што преживуваат кутрите животни.

a98841_Pooddle

10. Супер крави на стероиди – мит или реалност?

Супер кравата е белгиска раса која е најпозната со мускулестиот изглед. Тоа е наследна состојба, што доведува до зголемен број мускулни влакна, а не до зголемување на нормалниот број влакна.

Овие уникатни животни кои изгледаат како да се преполни со стероиди, всушност го должат својот изглед на години генетска селекција. Секое ново поколение крави стануваат поголеми и посилни, а месото им е почисто и повкусно.

a98841_Super-cow

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag