Врската помеѓу изборот на чевли и вашиот карактер

31 јули, 20140
7

Дали изборот на чевли може да ни укаже на тоа какви личности сме? Можеби и може.

Високи потпетици

Доколку сакате високи потпетици вие сте најверојатно допадлива личност, која потајно е желна за внимание. По малку сте размазени, но секогаш го добивате она што го сакате. Сигурни сте во својата моќ и сексапил, и ниту малку не ви пречи што поединци ве доживуваат како плитка девојка.

Балетанки

Припадничките на понежниот пол кои се одлучуваат за балетанки се слатки, пријатни, од време на време предвидливи и досадни. Длабоко во душата и понатаму сте дете. Се трудите да бидете отворени и достапни, но сепак ретко пуштате некој да влезе во вашиот свет. Во главно сте љубезни и внимателни, а мажите ве доживуваат како личност на која и е потребна заштита.

Бајкерски чизми

Девојките и жените чиј избор се “тврдите” рокерски чевли, како што се актуелните бајкерски чизми се ладни, одмерени и по малку егоцентрични. Не им веруваат на луѓето, па во главно се многу самостални, но истовремено и многу чувствителни. Паметни се.

“Машки чевли”

Доколку се одлучите за вакви чевли вие сте воздржани и ги криете своите чувства. Знаете што сакате и чекорите кон целта без оглед на тоа што другите мислат. Прецизни сте и не сте склони кон лесно спријателување.

Спортски чевли

Девојките чија слаба точка се патиките и воопшто спортските чевли важат за активни и дружељубиви. Сакаат да патуваат и постојано да се во движење. Секогаш се трудат да бидат опкружени со луѓе кои ги сакаат и почитуваат.

Чевли на платформа

Овие жени се многу едноставни, имаат довреба во себе и силни се во љубовта. Во луѓето бараат точност и доверба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi