XBOX дава попуст на тие што ќе се откажат од PS3

popara10 февруари, 201417min00
1

Во светот на играчките конзоли, каде расте конкурентноста, Мајкрософт направи нова кампања во Америка и тоа со следнава порака: “ Предадете ја вашата Сони Плеј Стејшн 3 конзола и добијте попуст од 100$ за новата конзола на Xbox One”. Сите оние кои ќе сакаат можат да ја “фрлат” својата конзола, односно PS3 во сите официјални продавници на Мајкрософт во Америка и Канада и да добијат попуст од 100 долари, односно оригиналната верзија која е 499$ да ја купат за 399$. Карактеристично, цената на Јапонската конзола Play Station 4 е сеуште 399$ без никакви попусти и без никакви плус давачки.