
Српската пејачка Сандра Африка која напорно работи секој викенд се початила со нов луксузен автомобил, а се работи за БМВ Х6. Иако опасната економска криза удри по паричникот на многу естрадни ѕвезди, изгледа дека Сандра нема таков проблем.
Без разлика што има богат дечко, Сандра доволно заработува и сама и тврди дека сама си го купила новиот џип.
Сама си купив роденденски подарок! – напишала пејачката на својот профил.
Иначе цената на овој убавец изнесува 50 000 евра и повеќето познати личности не можат да се пофалат со ваков миленик во својот возен парк.