
Сите досегашни најави беа дека Apple ќе ја задржи истата камера од 8 магапиксели, која се вградува во актуелните модели.
Сепак ривалите на Apple, HTC и Samsung најавија дека ќе користат подобрени камери за своите врвни модели, па тоа може да е причина за менување на ставот кај американската компанија.
Apple би требало да искористи значително подобрена камера за iPhone 6, која би имала 10 мегапиксели. Шпекулацијата доаѓа од неименуван извор близок на Apple, кој тврди дека iPhone ќе има подобра камера со подобрена резолуција.
