Ејми Хамбл (26) од Велика Британија за само 1 година успеала да постигне неверојатна трансформација. Нејзината цел била да стане како нејзиниот идол, старлетата Џоди Марш и успеала потполно да се промени себеси.
– Џоди Марш е мојата инспирација. Таа изгледа совршено, сакав да бидам баш како неа – мускулеста, но женствена. Затоа и се восхитувам, раскажува Ејми.
За да дојде до посакуваниот изглед Ејми тренира 6 пати неделно и се храни здраво, консумирајќи пилешко, риба и зеленчук.
Еднаш во неделата знае да се почести со калоричен оброк, кој потоа го согорува со вежби.
– Пред да започнам да тренирам, ја мразев теретаната. Мојот стомак изгледаше лошо, јадев погрешна храна, па не е ни чудо што вишокот килограми се собираа на мене, додава мајката на 2 дечиња.
На првите тренинзи забележала колку всушност е во лоша форма. За да има повеќе време за себе, Ејми ја напуштила работата во суд.
Со огромна упорност стигнала и до победа на национален натпревар за бодибилдери аматери.
Сега, таа сака да стане личен тренер.
– Би сакала да ги мотивирам и другите жени и да им покажам дека без страв треба да го прифатат мускулестиот изглед.
Ова е нејзината трансформација низ само 2 фотографии: