
Бијонсе, Џесика Алба, Ријана, Dita Von Teese, Донатела Версаче, и други познати личности од светот на шоу-бизнисот и модата се собраа на гала вечерата на Њујорк Метрополитен музејот. Тие не знаеа дека Синтија Роули во чанта има скриена GoPro камера за снимање на “дел од атмосферата”, пренесува Мондо.
Во видеото од три минути, Синтија снимила како изгледа журката одвнатре. Како и обично од вакви настани гледаме само слики од познатите кои позираат пред да влезат, а ова е навистина уникатна можност да ѕирнете во нивниот социјален живот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3TziH8oSWHs