Заборавена песна на QUEEN со легендарниот Фреди!

popara17 јануари, 20141min00
images (6)

Гитаристот на Квин, Брајан Меј најави дека наскоро ќе може да чуеме нова песна која е отпеана од  Меркјури. Всушност, не станува збор за  нова песна, туку за недовршен сингл, на кој останатите членови подзаборавиле.

Brian-may_2719738c

Поради фактот што станува збор за недовршена песна, потребно ќе биде време за истата да се комплетира пред да се објави.

Најава Брајан Меј ја објави преку официјалниот сајт.

„Она што можам да го кажам е дека сме присутни сите четворица, Фреди, Џон, Роџер и јас, свириме заедно на нумера на која комплетно заборавивме и која не ја довршивме.”

Freddie-Mercury-006

Меј изјави и дека е изненаден од фактот што снимката со песната досега не стигнала до нечии раце и не протекла во јавноста.