
Плакатот за новиот парфем на познатата пејачка Ријана треба да биде поставен само на места каде децата не би можеле да го видат бидејќи според оценката на експертите сликата е премногу провокативна.
На таа фотографија Ријана седи гола на под со подигнати нозе потпрени на парфемот. Меѓутоа од компанијата велат дека иако пејачката е без облека, фотографијата не е недолична.
Но експертите заклучиле дека плакатот е сексуално сугестивен и дека неговото поставување треба да се ограничи на места каде децата не би можеле да го видат.
