Замислете момчето да ве сака толку многу за да ве запроси вака

10 ноември, 20140
Замислете момчето да ве сака толку многу за да ве запроси вака

Јавните запросувања станаа веќе највообичаено нешто, но сите сè уште се трудат да бидат колку може пооригинални во идеите и начинот на кој ги изведуваат.

Еден вљубен Американец решил да ги ангажира сите луѓе кои би можеле да ја израдуваат и изненадат неговата девојка.

Сите роднини и пријатели кои таа одамна не ги видела, дури и некои што живеат во други градови и земји, плус уште 40 професионални танчари.

Згора на тоа, буквално го опседнал локалниот плоштад со тоа што сите биле организирани во одлична кореографија на која таа не можела да одолее.

Направил вистински спектакл и на крајот клекнал пред неа за да ја праша дали би сакала да го помине животот со него.

Се разбира, одговорот бил потврден. Зар би можела да го одбие по сета среќа која ја доживеала во еден момент?

Погледнете како изгледа сето тоа:

https://www.youtube.com/watch?v=SWP2bW5B0Zw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *