„Без желба да драматизирам, морам да кажам дека ова не е воопшто забавно, туку потегот е многу напорен. Секој оброк е вистински предизвик” – вели тој.
Неговото мени опфаќа по едно помало шише за доручек и ручек, како и поголемо пиво за вечера.
Иако неговата диета делува како да е некоја кладба смислена по многу шишиња пиво, тој вели дека станува збор за спиритуален тренинг. Шрејер е посветен член на англиканската црква.
Во неговиот потфат му помага и пиварницата од Торонто, која само за него произведува пиво со дополнителна концентрација на јачмен.