Заразата продолжува, а компанијата која стои зад играта Candy Crush Saga направи милиони!

popara13 март, 20141min00
candy_crush_saga_test1

King објави податоци со кои на потенцијалните вложувачи им најавува дека излезот на берзата ќе биде тежок 7,6 милијарди долари, односно дека акциите ќе вредат меѓу 21 и 24 долари.

Компанијата не само што е профитабилна, туку е исклучително профитабилна, а лани заработи 568 милиони долари.

Тоа драстично се разликува од позицијата во која на пример е Twitter или многу други сродни компании на King, како Zinga или EA Sports.

Zynga, која стои зад мегапопуларната FarmVille, се мачи на берзата и лани имаше минус од 37 милиони долари, додека EA од март 2012 до март 2013 година имаше заработка од 97 милиони долари.

Рецептот на компанијата King е едноставен – нивните заразни игри се бесплатни, но популарниот f2p (free to play) модел подразбира и продажба на „виртуелни предмети” на играчите.

Само пет проценти од нив трошат пари во игрите, но тоа не е воопшто малку, ако се знае дека постојат 400 милиони корисници секој месец.

Профитот на King драматично пораснал во однос на 2012 година и тоа благодарение на играта Candy Crush Saga.

Моментно, три игри на оваа компанија – Candy Crush Saga, Farm Heroes Saga и Pet Rescue Saga се на листата на десет апликации со најголема заработувачка на Apple store, а тука се и верзиите за Android и за Facebook.