
Јохансон е во врска со Доријак, француски новинар и менаџер во креативна агенција, веќе половина година и ова и е прво бебе на актерката.
Американските таблоиди пишуваат дека 29-годишната актерка ја криела бременоста пет месеци.
Минатата есен на Филмскиот фестивал во Венеција, Јохансон го покажа свршеничкиот прстен, а набрзо потоа беше потврдено дека двојката се верила, иако се уште не планира свадба.
Јохансон зад себе има еден брак со актерот Рајан Рејнолдс од кого се разведе во 2011 година.