Зашто вашата коса нагло опаѓа? Спречете го тоа!

popara29 јануари, 20141min00
preventing-hairloss

Секое влакно има свој животен циклус на создавање, растење и отпаѓање.Луѓето вообичаено имаат 90.000 до 140.000 влакна. Во просек, нормално е да отпаднат околу 100 влакна на ден.

losing-hair

Меѓутоа доколку забележите дека при секое капење ви отпаѓа по цело клопче коса, тогаш постои некаков проблем. Причини за ова мoжат да бидат:

– Хормоналните варијации
– Честа изложеност на стрес
– Недостаток на некој витамин во организмот

Железото, цинкот и витамините Б12 и Д се клучни за растење на косата, што значи дека најдобро е да се посоветувате со вашиот лекар доколку се сомневате дека овие вредности се намалени.

Доколку е така, терапијата се состои или во внесување на намирници богати со овие елементи или пак, секојдневно земање на разни суплементи.

Хормоналните промени, начинот на исхрана и недостатокот на железо во крвотокот, можат да играат значајна улога во процесот на истенчување на влакната на косата. Зголеменото ниво на тестостерон делува во насока на минимизирање на фоликулите на косата, што доведува до ослабнување на влакното.

Грижа за здравјето на скалпот:

Доколку во зимскиот период, скалпот стане сув и започне да се појавува првут, по миењето со шампон, нанесете малку јаболков оцет. Киселоста ќе ја врати рН рамнотежата на скалпот и ќе ја обнови структурата на косата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag