Навикнати сме на различни снимки од руските патишта, но овојпат пред нас се најде неверојатен пример од полициска потера кој како да е режиран во најдоброто студио на Холивуд.
Во описот под снимката е наведено дека полицијата во градот Иркутск во 7.00 часот изутрина забележала Тојота без соодветни регистрациски таблички како ги крши сообраќајните прописи. И покрај наредбите од полициското возило да застане, возачот започнал да забрзува и да бега, а во потерата по него за кратко време се вклучиле голем број на возила кои никако не успеваат да му го блокираат патот на возачот на Тојота.
Откако залутал во двор, 24-годишниот возач се обидува повторно да побегне, меѓутоа полицијата наскоро го пристигнува и го приведува, а на задното седиште на автомобилот биле пронајдени алкохол и дрога.
Младото момче во притвор изјавило дека дошло во овој град да бара работа.