Жељко Самарџиќ и Даниел снимаат спот во Скопје!
13 мај, 20140
Песната се вика „Скопје-Белград“, а зборува за тоа како Даниел бара девојка во Белград, а Жељко во Скопје. Токму затоа и видео-записот се снима во овие два града. Денес дел од сцените беа снимени и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје.
Нивната публика едвај чека сето тоа да излезе многу наскоро, а со нетрпение се очекува и 7 јуни, за кога е закажан големиот концерт на сите ѕвезди од „Х-фактор Адриа“.