
Ова е твој живот. Затоа прави го она што го сакаш и прави го тоа често. Ако нешто не сакаш, промени го. Ако не ја сакаш својата работа, дај отказ.
- Ако немаш доволно време, престани да гледаш телевизија.
- Ако ја бараш љубовта на својот живот, застани. Таа ќе те начека кога ќе почнеш да ги правиш нештата кои ги сакаш.
- Престани претерано да ги анализираш нештата, затоа што животот е едноставен.
- Сите емоции се убави. Кога јадеш, цени го секој последен залак.
- Отвори го својот ум, раце и срце кон нови нешта и луѓе, затоа што она што сите не обединува се меѓусебните разлики.
- Прашај ја следната личност која ќе ја запознаеш која е нејзината голема страст и подели го со неа својот сон.
- Патувај кога можеш. Знај дека кога ќе се изгубиш си помагаш себе си да го откриеш вистинското „јас“.
- Некои шанси се појавуваат само еднаш, затоа зграпчи ги со двете раце.
- Смислата на животот е во луѓето кои ги запознаваме и работите кои ги создаваме со нив – затоа излези од својот свет и почни да создаваш.
- Животот е краток. Затоа живеј го својот сон и без да се ограничуваш покажи им ги на другите своите страсти.