Животна лекција од 6-годишно девојче: Секој проблем има најмалку 2 решенија

popara16 февруари, 20141min00
34

Додека еден татко читал весник неговата ќерка постојано му го одвлекувала вниманието. За да ѝ го скроти детскиот немирен дух, искинал еден лист од весникот на кој била исцртана мапата на светот.

Целата мапа ја искинал на десетици парчиња, кои ѝ ги подал на неговата ќерка. Ја испратил во собата со една единствена задача – да ја состави мапата во една целина.

Бил уверен дека ќе и требаат неколку дена за да ја заврши задачата.

Но, девојчето се вратило после само неколку минути со совршено споената сложувалка.

„Како успеа? Ова е невозможно…“ изустил таткото, зачуден од генијалноста на својата 6-годишна ќерка.

„Мапата ми беше тешка, па ја свртев другата страна. Таму имаше лик на еден човек, изгледаше многу поинтересно и полесно. Решив да го склопам неговиот лик наместо мапата…“ задоволно објаснило девојчето.

Научете дека секогаш постои втора страна на секој ваш проблем, без оглед на искуството кое го поседувате.

Кога и да се најдете пред предизвик кој треба да го решите, не гледајте само во еден правец. Превртете ги работите повеќе пати. Ќе се изненадите од она што ќе го видите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *